УТРО.мк

Утре повеќе скопски села ќе бидат без електрична енергија

Утре повеќе скопски села ќе бидат без електрична енергија
Vero

Скопје, 7 април 2026 – Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (8 април 2026 година) повеќе населени места во скопскиот регион ќе останат привремено без електрична енергија.

Според најавите, прекините ќе започнат од 08:30 часот и ќе траат до 15:00 часот во селата Блаце, Катланово, Бадар и Кожле. Во село Катланово, без струја ќе останат делови околу Стари лозја кај фазенерија и месноста Тотинци, додека во Блаце, Бадар и Кожле прекинот ќе ги опфати поголемите делови од населените места.

Во општина Ѓорче Петров, дел од потрошувачите на улиците „Ѓуро Салај“ и „Димитар Поп Георгиев Беровски“ исто така ќе бидат без напојување во периодот од 08:30 до 15:30 часот.

Дополнително, во населбата Лисиче се предвидува прекин на електричната енергија од 10:00 до 14:00 часот, при што ќе бидат засегнати корисниците на улицата „Тодор Чангов“ (подулки 8, 10 и 12).

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и да преземат мерки за заштита на електричните уреди. Се очекува снабдувањето со електрична енергија да биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенциите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран