УТРО.мк

Меџити: Целосно реконструирана улицата „Јосиф Михајловиќ“ во Чаир

Меџити: Целосно реконструирана улицата „Јосиф Михајловиќ“ во Чаир
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека успешно е реализирана целосната реконструкција на улицата „Јосиф Михајловиќ“ во населбата Дуќанџик, со што значително се подобруваат условите за живот на жителите.

Проектот започнал од основа, при што најпрво биле уредени фекалната и атмосферската канализација, како и водоводната мрежа, создавајќи современи инфраструктурни услови за населението.

Реконструкцијата е заокружена со целосно асфалтирање на улицата, при што се трансформирани околу 500 квадратни метри патна површина. Со тоа, како што посочи Меџити, се овозможува побезбедно и полесно движење, како и повисок квалитет на живеење за жителите на овој дел од општината.

„Ова е нашиот пристап – конкретна работа на терен, инвестиции што граѓаните директно ги чувствуваат и резултати што се видливи во секоја населба на Чаир“, истакна Меџити.

Од Општина Чаир најавуваат дека ваквите инфраструктурни зафати ќе продолжат и во наредниот период, со цел унапредување на урбаните услови и подобрување на секојдневието на граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран