УТРО.мк

Целосно воведување на ЕУ системот за влез и излез: Сè што треба да знаете за EES

Целосно воведување на ЕУ системот за влез и излез: Сè што треба да знаете за EES
Vero

Европската унија официјално го активира својот нов дигитален систем за контрола на патници од земји надвор од ЕУ, EES (Entry/Exit System), кој од 10 април 2026 година целосно ќе замени класичните печати во пасошите со дигитална евиденција на влез и излез, вклучувајќи биометриски податоци како фотографии и отпечатоци од прсти. Оваа новина е дел од амбициозната иницијатива на ЕУ за модернизација на граничните контроли, зајакнување на безбедноста и намалување на измами и криминал.

Системот постепено се воведуваше од 12 октомври минатата година во 29 европски земји и од април станува целосно оперативен. Од воведувањето, над 24.000 лица им е одбиен влез во ЕУ поради истечени или лажни документи, или неможност да се оправда причината за посетата, а повеќе од 600 лица се идентификувани како безбедносен ризик, според Европската комисија и „Јуроњуз“.

EES се однесува на сите кои не се граѓани на ЕУ или Шенген зоната и кои патуваат на краток престој до 90 дена во период од 180 дена. Исто така, ги вклучува и сопствениците на имот во ЕУ кои немаат дозвола за престој. Изземени од ова правило се Ирска и Кипар, кои ќе продолжат со рачни проверки на пасошите, како и државјани на ЕУ, долгорочни жители на ЕУ, членовите на семејствата на граѓаните на ЕУ, персоналот на возови и авиони, војници и нивните семејства на служба во НАТО или Партнерството за мир, како и жители на Андора, Сан Марино, Ватикан и Монако.

Првите месеци од целосното функционирање на EES се очекуваат значителни застои, особено во летниот период, бидејќи сите патници од трети земји ќе треба да бидат регистрирани преку системот. Аеродромските здруженија препорачуваат патниците да доаѓаат еден и пол до два часа порано. Претходно, делумно суспендирање на процесот можеше да ги намали редиците, но од 10 април ова повеќе нема да биде можно.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран