УТРО.мк

Општина Прилеп: Музика, танц и уметност за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите

Општина Прилеп: Музика, танц и уметност за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите
Vero

Општина Прилеп организира настан „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“ по повод одбележувањето на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Настанот ќе се одржи утре, 08.04.2026, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“.

Целта на настанот е да ја истакне важноста на образованието, културата и успесите на ромската заедница, преку богата програма која вклучува музика, рецитали, драмски и танцови изведби.

Во програмата ќе настапат ученици од повеќе основни и средни училишта од Прилеп, кои преку уметноста ќе испратат порака за еднаквост, почит и заедништво. Особено внимание ќе биде посветено на успешни приказни и позитивни примери кои служат како инспирација за сегашните и идните генерации.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и заеднички да го прослават богатството на различностите, испраќајќи порака за општество каде секој има еднаква шанса за успех.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран