УТРО.мк

Водовод Битола: Започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та

Водовод Битола: Започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та
Vero

ЈКП „Водовод“ Битола започна со изградба на нова водоводна мрежа на новопроектираната улица 170-та (БРЛ 4), во рамки на поширок план за инфраструктурно унапредување на населбата.

Од претпријатието информираат дека во наредниот период ќе продолжат активностите и на останатите улици од овој опфат, меѓу кои се и улиците 150-та и 210-та. Со реализацијата на овој проект се очекува значително подобрување на водоснабдувањето, како и целосна ревитализација на овој дел од градот.

Од ЈКП „Водовод“ посочуваат дека инвестициите во водоводната инфраструктура остануваат приоритет, со цел обезбедување квалитетни и сигурни услуги за граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран