УТРО.мк

Општина Битола објави јавен повик: 550.000 денари за младински проекти

Општина Битола објави јавен повик: 550.000 денари за младински проекти
Vero

Општина Битола објавува јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општина Битола за поддршка на проекти за млади за 2026 година.

Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на младински организации и организации за млади за спроведување на проекти и активности за младите од Општина Битола за 2026 година.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Битола согласно Програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2025 година во висина од 550.000,00 денари (петстотини и педесет илјади) се врши преку грантови за проекти за млади.

За критериумите за аплицирање, потребната документација за пријавување, рокот и начинот на доставување на пријавите и начинот на спроведување на јавниот повик повеќе на: https://www.bitola.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8/

Јавниот повик ќе трае 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавувањето заклучно со 11 мај 2026.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран