УТРО.мк

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје ги отвори раните уписи со попусти до 1.200 евра и платена пракса

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје ги отвори раните уписи со попусти до 1.200 евра и платена пракса
Vero

[Скопје, 27.04.2026] – Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје официјално ги отвори раните уписи за новата академска година, нудејќи значајни финансиски поволности и уникатен образовен модел кој директно ги поврзува студентите со пазарот на труд.

Во рамки на раните уписи, идните студенти имаат можност за финансиски поволности и да заштедат до 1.200 евра, во зависност од избраниот модел на уплата. За аплицирање и уплата на првата студиска година до крајот на мај е предвидено намалување од 600 евра, додека за уплата на целокупните три години до крајот на септември, намалувањето изнесува 1.200 евра.

Клучната вредност на студирањето на Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје е во пристапот што на студентите им овозможува паралелно да стекнуваат академско знаење, практични вештини и реално работно искуство уште за време на студиите.

Факултетот нуди современ германски модел на дуално образование, преку кој наставата се надополнува со практична работа усогласена со потребите на компаниите. Студентите имаат можност да стекнат македонска и германска диплома, да посетуваат настава со професори од Германија и да бидат вклучени во платена пракса како дел од нивниот образовен процес.

Преку партнерството со Provadis University од Франкфурт, Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје им овозможува на студентите меѓународно академско искуство, како и можност за престој и дополнително образование во Германија. Овој модел има за цел да ја зголеми нивната вработливост, практична подготвеност и конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар на труд.

„Нашата цел е студентите да не ја доживуваат дипломата како почетна точка на кариерата, туку како резултат на процес во кој веќе стекнале знаење, искуство и професионални навики. Вредноста на дуалното образование е токму во тоа што младите луѓе се подготвуваат за реални работни предизвици уште додека студираат,“ велат од Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје.

Аплицирањето е веќе отворено, а заинтересираните кандидати можат да добијат повеќе информации нателефонскиот број +389 70 355 656 или на heidelberg.edu.mk.

Понудата важи за ограничен временски период, а интересот е значително зголемен – затоа од факултетот ги охрабруваат идните студенти навреме да го направат првиот чекор.

 

 

За Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје е современа високообразовна институција која нуди германски модел на дуално образование, насочен кон практични вештини, вработливост и меѓународна конкурентност на студентите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран