
Едно лице го загуби животот, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во атарот на селото Врбјани, информираат од ОВР Прилеп.
Во несреќата учествувале патничко возило „ланд ровер“ управувано од 28-годишниот А.Џ. од Прилеп и „опел вектра“, зад чиј волан бил 32-годишниот Н.З. од Крушево.
По судирот, возачот на „опел вектра“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп, каде подоцна им подлегнал на повредите.
Со повреди се здобиле и сопатничката од „опел вектра“, 29-годишната С.Б. од Прилеп, како и возачот на „ланд ровер“. Нивните повреди биле констатирани во Општата болница во Прилеп.
На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп, а причините за несреќата се утврдуваат.























