УТРО.мк

Врсничко насилство во Ѓорче Петров: ученичка жртва на повеќекратни напади

Врсничко насилство во Ѓорче Петров: ученичка жртва на повеќекратни напади
Vero

Ученичка од основно училиште во општина Ѓорче Петров била жртва на сериозно врсничко насилство од страна на соученички, при што дел од инцидентите биле снимени и со мобилен телефон. По претрпениот стрес, девојчето побарало лекарска и психијатриска помош.

Според надлежните институции, не станува збор за изолиран случај, туку за повторено насилство врз истата ученичка. Училиштето го пријавило настанот и веќе презема соодветни мерки, додека случајот е доставен и до Министерството за образование и наука.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се регистрирани два одвоени инциденти во кои малолетничката била физички нападната од соученички. Во тек е постапка за целосно документирање на случајот, при што се вршат разговори со инволвираните лица во присуство на нивните родители, како и собирање на материјални докази.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, апелира до родителите да бидат поактивно вклучени во воспитувањето и следењето на однесувањето на своите деца, нагласувајќи дека институциите не можат самостојно да се справат со ваквите појави.

Психолозите укажуваат дека жртвите на вакво насилство имаат потреба од сериозна стручна поддршка, но истовремено и сторителите треба да добијат соодветна помош, со цел да се спречи повторување на ваквото однесување.

Експертите предупредуваат дека врсничкото насилство е во пораст и станува сè посериозно, при што влијанието на социјалните мрежи, филмовите и видеоигрите често придонесува за агресивно однесување кај младите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран