
На 26.04.2026 во 19:30 часот на локалниот пат Милетино – Блаце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 17- годишник од с.Челопек, тетовско. Тој управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола и учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл „кавасаки“, управуван од Љ.С.(40) од с.Јанчиште. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.























