УТРО.мк

АРМ доби висока оцена од НАТО

АРМ доби висока оцена од НАТО
Vero

Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) успешно ја демонстрираше својата подготвеност на националната теренска вежба „Блесок 26“, која се одржа на армискиот полигон „Криволак“.

Во рамки на вежбата, единицата ги презентираше своите способности, високото ниво на обученост и оперативната подготвеност. По спроведениот сеопфатен процес на оценување според НАТО стандардите, ЛПБГ ги исполни сите потребни критериуми и е оценета како „борбено подготвена“.

Оваа оценка претставува значајно признание за професионалноста и посветеноста на припадниците на македонската Армија, како и потврда за нивната интероперабилност со сојузничките сили.

Од Армијата истакнуваат дека ваквите вежби се од клучно значење за одржување и унапредување на борбената готовност и способноста за справување со различни безбедносни предизвици.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран