УТРО.мк

Водовод – Битола: Саниран дефектот кај Спортската сала

Водовод – Битола: Саниран дефектот кај Спортската сала
Vero

ЈКП „Водовод“ Битола информира дека дефектот кај Спортската сала е успешно саниран и водоснабдувањето во објектот е нормализирано.

Од претпријатието појаснуваат дека станува збор за дефект кој не бил дел од јавната водоводна мрежа, туку бил лоциран во самиот објект, по водомерот.

Екипите интервенирале на терен и проблемот бил отстранет во најкус можен рок, со што е овозможено непречено функционирање на објектот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран