УТРО.мк

Коњановски: Поддршка за Пелистер пред најважниот натпревар во сезоната

Коњановски: Поддршка за Пелистер пред најважниот натпревар во сезоната
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот и секретарот на општината, даде поддршка за фудбалерите на ФК „Пелистер“ пред претстојниот бараж натпревар за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Како што истакна Коњановски, станува збор за еден од најважните натпревари во сезоната, во кој битолскиот клуб ќе се соочи со екипата на Шкендија Арачиново во Кавадарци.

Тој упати повик до навивачите, спортските работници и љубителите на фудбалот да се обединат и да им дадат силна поддршка на фудбалерите.

„Ги повикуваме сите заедно да бидеме поддршка на нашите фудбалери на најважниот натпревар оваа сезона. Сезоната не беше совршена, имаше и падови, но тие никогаш не се откажаа, како што не се откажавме ни ние“, порача Коњановски.

Тој додаде дека во недела е време за обединување и за заедничка борба за победа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран