УТРО.мк

Проданоски: „Со песна ја будиме пролетта“ – децата од Мало Коњари приредија празник на радоста

Проданоски: „Со песна ја будиме пролетта“ – децата од Мало Коњари приредија празник на радоста
Vero

Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари денеска се одржа настан исполнет со детска смеа, музика, игра и позитивна енергија, на кој присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Под мотото „Со песна ја будиме пролетта“, учениците од училиштето со своите настапи ја покажаа својата креативност, талент и радост, претворајќи го настанот во вистински празник на детството.

Проданоски упати честитки до учениците кои настапија, како и до наставниците, организаторите и родителите кои, како што истакна, со посветеност придонеле овој ден да биде посебен и достоинствено одбележан.

Тој нагласи дека ваквите настани се потсетник дека се ближи крајот на уште една успешна учебна година, исполнета со труд, знаење и убави спомени, додавајќи дека општината ќе продолжи да ги поддржува младите и да создава услови за нивен развој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран