УТРО.мк

Вандализиран македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ во Сиднеј

Вандализиран македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ во Сиднеј
Vero

Македонскиот фудбалски клуб „Рокдејл Илинден“ од предградијата на Сиднеј повторно се соочи со инцидент на вандализам, при што, според соопштението од заедницата, бил извршен таргетиран напад врз клупските простории.

Како што се наведува, непознати лица го отстраниле и искинале македонското знаме од клубската зграда, а биле пријавени и оштетувања на имотот на клубот. Ова не е прв ваков случај, бидејќи и во минатото клубот пријавувал инциденти, вклучително кинење на знамето, графити и други форми на оштетување.

Од македонската заедница во Австралија реагираат со загриженост, оценувајќи дека станува збор за повторливи инциденти кои имаат елементи на говор на омраза и таргетирање на клуб поради неговиот македонски идентитет и симболи.

Од заедницата апелираат случајот да биде сериозно истражен од полицијата во Нов Јужен Велс и надлежните институции, со цел откривање на сторителите и спречување на слични инциденти во иднина.

„Таквите дејствија мора да бидат осудени од пошироката заедница. Во Австралија нема место за омраза од било каков вид“, стои во реакциите.

Во меѓувреме, се повикуваат граѓаните кои имаат корисни информации да се обратат до надлежните служби.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран