Денес во дворот на ООУ „Рампо Левката“ беше промовирано и пуштено во употреба ново, современо игралиште за баскет со тартан подлога и ново осветлување, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
– Со инвестиција од 1.300.000 денари од Буџетот на Општина Прилеп, досега неискористениот простор доби нов живот. Овде децата и младите ќе можат безбедно и активно да спортуваат со насмевка – рече Проданоски.
Тој нагласи дека игралиштето ќе биде отворено не само за учениците, туку и за сите љубители на спортот од соседството и градот, бидејќи секое дете заслужува пристојни услови за игра и правилен физички развој.
– Продолжуваме да вложуваме во училиштата и спортската инфраструктура, затоа што грижата за најмладите е најдобриот влог во иднината на Прилеп – додаде градоначалникот.























