На 05.11.2025 во 14:00 часот на ул.„Методија Шаторов Шарло” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија С.М.(40) од Прилеп. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во продажен објект и кај него се пронајдени предмети кои ги одзел, а кои подоцна се вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.























