УТРО.мк

Утре повеќе села во општина Брвеница и Јегуновце ќе бидат без струја

Утре повеќе села во општина Брвеница и Јегуновце ќе бидат без струја
Vero

Повеќе села во тетовскиот регион утре (19 февруари 2026 година) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат надлежните служби. Прекините ќе се реализираат во различни термини во текот на денот, во зависност од локацијата.

Од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат делови од Вратница (вклучително и месноста Викана Честодубје), Бело Виште, како и делови од Боговиње – објекти лоцирани на патот кон село Селце Кеч. Во истиот термин, од 9:00 до 14:00 часот, прекин е најавен и во делови од Брвеница (на влез од градот), како и во дел од село Камењане.

Од 9:00 до 14:30 часот прекин ќе има во Боговиње и Камењане, додека од 9:15 до 11:45 часот без електрична енергија ќе бидат делови од селата Челопек, Брвеница и Милетино. Во Челопек прекинот се однесува на објекти на патот за Радиовце и објекти пред влезот во селото, додека во Брвеница ќе бидат зафатени објекти на влезот и излезот од селото.

Во периодот од 9:30 до 11:00 часот струја нема да има ниту во Јажинце, поточно кај објектите кои се наоѓаат на регионалниот пат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран