
Вечерва е регистриран одрон на автопатот Скопје – Велес, неколку километри пред наплатната станица Сопот.
Според првичните информации, одронот се наоѓа на коловозот и претставува опасност за учесниците во сообраќајот, поради што се апелира на зголемена внимателност при движењето на овој потег.























