УТРО.мк

ВИДЕО: Градоначалникот Коњановски: Битола останува најспортскиот град во Македонија

ВИДЕО: Градоначалникот Коњановски: Битола останува најспортскиот град во Македонија
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, испрати силни пораки за значењето на спортот во општеството во рамки на манифестацијата „Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година“, која се одржа по 62-ри пат.


Во своето обраќање, Коњановски нагласи дека спортот е најдобриот начин за справување со здравствените проблеми и негативните појави кај младите.
„Како лекар велам дека преку спортот се бориме против здравствените проблеми и пороците. 

Како Општина продолживме и ќе продолжиме да инвестираме во спортската инфраструктура, училишниот и професионалниот спорт“, истакна тој.
Градоначалникот потенцираше дека локалната самоуправа активно вложува во подобрување на условите за спортување – од училишни сали и терени, до поддршка на спортските клубови и професионалните екипи. Целта, како што посочи, е создавање здрави генерации и поттикнување на младите кон активен живот.


Коњановски ја повтори амбицијата Битола да го задржи епитетот на најспортски град во државата.
„Со големи букви е напишано – Битола е најспортскиот град во Македонија“, порача градоначалникот, додавајќи дека спортските успеси се резултат на заедничка работа на спортистите, клубовите и институциите.


Манифестацијата, која има повеќедецениска традиција, ги наградува најуспешните спортисти, тренери и екипи од градот и претставува едно од најзначајните спортски случувања во Битола.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран