Утре, 28 ноември, голем број населени места во Тетовско ќе останат без електрична енергија поради најавени планирани прекини од страна на енергетските служби. Прекините ќе траат во различни периоди од денот – од 08:00 до 12:00 часот и од 09:00 до 14:00 часот, зависно од локацијата.
Според објавените информации, без струја од 08:00 до 12:00 часот ќе останат следните населени места: Доброште, Јажинце, Ораќе, Теарце, Слатино, Старо Село, Одри, Туденце, Јегуновце, Пршовце, Варвара, Глоги, Лешок и Нераште.
Од 08:00 до 12:00 часот прекин е најавен и за Подбрегје, Раотинце, Беловиште, Првце, Копанце, Теарце, Вратница, Туденце, Јанчиште и Рогачево.
Вториот блок на прекини е најавен од 09:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати: Желино, Подбрегје, Јанчиште, Јегуновце, Раотинце, Прељубиште, Туденце и Копанце. Дел од Желино и Ново Село ќе бидат без струја до 14:30 часот.
Прекин ќе има и во делови од градот Тетово – објектите на улицата „Иво Лола Рибар“, во близина на Градскиот стадион, исто така ќе останат без електрична енергија од 09:00 до 14:30 часот. Село Палатица е најавено за прекин во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Компанијата апелира жителите навремено да се подготват, особено домаќинствата и бизнисите кои зависат од електрична енергија, бидејќи прекинот ќе опфати голем дел од тетовската околија.























