УТРО.мк

Ученици од Битола го разубавуваат градот: Сивиот ѕид кај Црн Мост станува уметност

Ученици од Битола го разубавуваат градот: Сивиот ѕид кај Црн Мост станува уметност
Vero

Во Битола денеска се реализира уште една убава иницијатива насочена кон разубавување на градот и подигнување на еколошката свест кај младите, откако наставничка заедно со ученици од ОУ „Елпида Караманди“ започнаа со уредување на потпорниот ѕид кај Црн Мост, во близина на параклисот.

Акцијата се одвиваше во неделниот ден, а целта е просторот да добие нов, визуелно привлечен изглед преку уметнички мурал со мотиви кои ја промовираат идејата за зелена, чиста и уредена Битола.
Учениците, заедно со нивната наставничка, со четки и бои го претвораат сивиот бетонски ѕид во креативна приказна исполнета со природни елементи, симболи и пораки за зачувување на животната средина.

Иницијативата веќе привлекува позитивни реакции кај граѓаните, кои ја поздравуваат ангажираноста на младите и нивната желба да придонесат за подобра и поубава урбана средина.
Станува збор за пример како преку едноставна, но искрена акција може да се направи видлива промена во заедницата, а воедно и да се испрати силна порака за важноста на еколошката култура и заедничката грижа за јавниот простор.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран