УТРО.мк

Тони Коњановски на средба со месните и урбаните заедници: Инвестициите продолжуваат и во 2026 година

Тони Коњановски на средба со месните и урбаните заедници: Инвестициите продолжуваат и во 2026 година
Vero

Во просториите на Општина Битола се одржа традиционалната средба со претседателите на месните и урбаните заедници на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, а на средбата беа присутни и секретарот Борче Димитровски, раководители на одделенија при Општина Битола, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директори на јавните претпријатија.

Во своето обраќање градоначалникот Коњановски истакна дека Општина Битола и во оваа 2026 година ќе продолжи со инвестиции во капиталната инфраструктура во градот и населените места.

Пред присутните се осврна и на активностите од 2025 година, проектите кои се реализираа и се во фаза на реализација, како и за новите проекти, како општински така и оние одобрени и финансирани од Владата, а од вториот повик се вкупно 65, кои ќе придонесат за подобрување на условите на живот на жителите во скоро сите области.

„Продолжуваме посветено во интерес на граѓаните на Општина Битола”, рече градонаначалникот Коњановски, а потоа во разговори и тој и администрацијата имаа можност да слушнат кои се предлозите и мислењата на претседателите на месните и урбаните заедници.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран