
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (04.03.2026) без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и делови од Тетово и тетовскиот регион.
Според најавата, од 08:45 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците во Челопек (објекти на патот за с. Радиовце и делови од селото), како и во Брвеница и Долно Седларце.
Во Тетово, од 08:45 до 12:00 часот прекин ќе има кај Универзитетот на ЈИЕ, додека од 09:00 до 12:30 часот без струја ќе остане дел од улицата „Љубо Божиновски“ кон улица „Цетинска“.
Од 09:00 до 14:00 часот прекин е најавен во Мала Речица (дел од објектите на ул. 170), во делови од Челопек – објекти во с. Горни Челопек во близина на новата џамија, како и на улица „Штипска“ во Тетово. Во истиот термин без струја ќе биде и дел од Брвеница, на влезот од градот.
Од 09:30 до 12:00 часот електрична енергија ќе нема во дел од Долно Палчиште.























