УТРО.мк

Коњановски: Го унапредуваме квалитетот и безбедноста во детските градинки во Битола

Коњановски: Го унапредуваме квалитетот и безбедноста во детските градинки во Битола
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска ја посети детската градинка „Росица 1“ во Бистрица, која е дел од установата „Естреја Овадија Мара“ Битола.

Беше информиран дека во текот на изминатиот период активностите на раководството на детската градинка беа насочени кон континуирано унапредување на условите за престој, воспитно-образовна работа и безбедност на децата, како и кон подобрување на условите за работа при што посебен акцент беше ставен на инвестиции во инфраструктурата, безбедносните системи и работната средина.

Во Детска градинка „Росица 1“ Бистрица со цел создавање побезбедна и поквалитетна средина за децата, извршена е поправка и санација на покривната конструкција, поставена е громобранска инсталација, реализирани се ѕидарски и фасадерски работи, извршени се столарски интервенции, спроведени се молерофарбарски работи, како и водоводни и електричарски интервенции и инсталација на хидрантска мрежа и поставување на хидрант, а беше спроведено и чистење на густата вегетација околу градинката.

Вкупна вредност на инвестицијата е 3.785.359 денари.

Со овие зафати значително се подобрени безбедносните и хигиенските услови, како и функционалноста на објектот, беше истекнато за време на посетата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран