УТРО.мк

Проданоски: Реконструкцијата на плоштадот ќе заврши квалитетно и навреме

Проданоски: Реконструкцијата на плоштадот ќе заврши квалитетно и навреме
Vero

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, изврши теренска обиколка на градежните активности на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, при што оствари директни средби со граѓани, изведувачи и сопственици на деловни објекти на овој потег.

На средбите се разговараше за текот на реконструкцијата, динамиката на изведбата и пристапот до деловните објекти, со цел минимизирање на влијанието врз секојдневното работење на бизнисите. Од Општина Прилеп информираат дека се вложуваат дополнителни напори за подобра координација и навремено информирање на јавноста, со цел проектот да биде реализиран квалитетно и во предвидениот рок.

„Работиме посветено затоа што исходот ни е заеднички, а тоа е да имаме уредена, современа и функционална јавна површина. Прилеп заслужува и добива модерен и безбеден центар“, истакна Проданоски.

Според најавите, градежните активности во наредниот период ќе се интензивираат, со јасна цел плоштадот да добие целосно уреден и современ изглед, наменет за пешачење, дружење и секојдневен живот на граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран