УТРО.мк

Тоневски: Реконструкција на планинарскиот дом на Црн Врв за развој на туризмот и спортот

Тоневски: Реконструкција на планинарскиот дом на Црн Врв за развој на туризмот и спортот
Vero

Денес официјално започна проектот за реконструкција на планинарскиот дом на Црн Врв, кој има за цел подобрување на условите за развој на планинарството, велосипедизмот и заштита на природните убавини на овој туристички локалитет.

Проектот е финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, а ќе се спроведува преку Центарот за развој на Источниот плански регион. Со проектните активности е предвидена целосна реконструкција на објектот и уредување на неговата околина.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 5.300.000 денари, од кои најголемиот дел се обезбедени од Европската Унија, додека Општината учествува со средства во износ од околу 725.000 денари.

Тони Тоневски, градоначалник на општина Пробиштип, истакна дека проектот е значаен за локалниот развој и за промоција на активниот туризам во регионот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран