УТРО.мк

Јавна средба за граѓански предлози во Буџетот на Прилеп

Јавна средба за граѓански предлози во Буџетот на Прилеп
Vero

Општина Прилеп ги повикува сите граѓани да земат активно учество во процесот на креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Ве покануваме на јавна средба, што ќе се одржи на:

  • 19 ноември 2025 година
  • 18:00 часот
  • Собраниска сала во Општина Прилеп

Ова е одлична можност секој граѓанин да ги изнесе своите предлози, идеи и приоритети, со цел заеднички да го обликуваме развојот на нашата општина и да создадеме буџет кој ќе ги одразува вистинските потреби за Општина Прилеп.

Дополнително, ова е прва средба од неколкуте предвидени во циклусот на консултации во овој период, во кои што соодветно ќе бидат вклучени сите чинители во нашето општествено живеење, месни заедници, граѓански организации, институции, стопански субјекти и поединци.

Вашето мислење е од особена важност. Ве охрабруваме да бидете дел од овој отворен, инклузивен и транспарентен процес.

Општина Прилеп

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран