УТРО.мк

Тоневски повикува на позитивна и конструктивна изборна кампања

Тоневски повикува на позитивна и конструктивна изборна кампања
Vero

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ја истакна важноста од почитување на законите, правилата и етичките стандарди за време на изборната кампања.

„Потпишувањето на Кодексот не е само церемонијален чин, туку и обврска за нас директните учесници во изборната кампања. Како кандидат, повикувам изборната кампања и реторика да ја водиме во позитивна, демократска атмосфера, ослободена од празна реторика и говор на омраза“, рече Тоневски.

Тој додаде дека преку конкретни проекти и идеи, како и конструктивни дебати, граѓаните ќе имаат можност да направат вистински избор. „Развојот на демократијата и напредокот на земјата зависи од однесувањето на сите нас“, нагласи Тоневски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран