Министерството за животна средина и просторно планирање потсети дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. Според Националниот план за управување со отпад 2021–2031 и регионалните планови, локалните власти се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на нивната територија.
Министерството информира дека во тек е изградба на регионален центар за обработка и систематизирање на отпад, кој ќе понуди трајно решение за управување со отпадот во регионот. Сепак, додека центарот не биде функционален, општина Струга има обврска редовно да ја одржува и исчисти постојната депонија за да се спречат еколошки и здравствени ризици и да се обезбеди минимален стандард на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.
Министерството останува достапно за поддршка, но нагласува дека одговорноста за редовното управување со депонијата е на локалната самоуправа.