
Ски Центар Маврово интензивно се подготвува за ски сезоната, откако во изминатите денови се наталожи доволна снежна покривка и се создадоа соодветни температурни услови за работа на системите за вештачки снег.
Вработените работат во три смени со цел да обезбедат безбедни, уредени и подготвени ски патеки за сите посетители. Во текот на изминатата ноќ беа активни сите топови за вештачки снег, како и целокупната механизација за уредување на патеките, а активностите продолжуваат и во текот на денешниот ден.



























