УТРО.мк

Димитровски: Нови улици, спортски терени и училишна сала во Битола

Димитровски: Нови улици, спортски терени и училишна сала во Битола
Vero

Во пресрет на пролетната градежна сезона, во Општина Битола започнаа повеќе инфраструктурни зафати со кои значително ќе се подобрат условите за живот на граѓаните во градот и населените места.

За активностите информираше секретарот на Општина Битола Борче Димитровски преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека во изминатите две недели се реализирани или започнати низа проекти кои опфаќаат образование, спортска инфраструктура и локална патна мрежа.

Меѓу најзначајните проекти е изградбата на нова училишна спортска сала во основното училиште „Стив Наумов“, со што учениците ќе добијат подобри услови за спорт и физичко образование.
Паралелно со тоа се реализираат и реконструкции и асфалтирања на повеќе улици во руралните средини, меѓу кои:
реконструкција на улици во село Братиндол,
асфалтирање на улици во село Трн во должина од над еден километар.

Во делот на спортската инфраструктура, во тек се реконструкции на спортските игралишта во населбите Стрелиште и Горни Оризари, со што се создаваат подобри услови за спорт и рекреација на младите.

Во рамки на урбанистичките зафати, започната е и изградба на нов паркинг на улицата СТУ 9 во старата касарна, што треба да помогне во решавање на проблемот со паркирањето во тој дел од градот.
Исто така, во тек е и изградбата на патот до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, со што ќе се подобри пристапот до овој верски и туристички локалитет.

Меѓу реализираните проекти е и пуштањето во употреба на реконструираната детска градинка во Бистрица, што ќе овозможи подобри услови за згрижување на децата од овој дел на општината.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран