УТРО.мк

Проданоски: Го уредуваме просторот околу „Чарши џамија“ во центарот на Прилеп

Проданоски: Го уредуваме просторот околу „Чарши џамија“ во центарот на Прилеп
Vero

Општина Прилеп започна активности за уредување на просторот околу заштитеното културно добро „Чарши џамија“, кое се наоѓа во срцето на прилепската чаршија.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека со години овој простор бил оставен во запуштена и руинирана состојба, што, како што посочи, не доликува на град како Прилеп.

„Прилеп не смее да има руинирани објекти во самиот центар на градот. Нашата обврска е да го зачуваме и уредиме секое место кое сведочи за историјата на градот“, истакна Проданоски.

Тој појасни дека активностите се реализираат во координација со јавните комунални претпријатија и под посебен надзор на НУ Завод и музеј Прилеп.

Според најавите, просторот околу локалитетот ќе биде внимателно расчистен, уреден и ограден, а ќе биде поставено и соодветно осветлување, при што ќе се внимава на зачувување на неговото историско значење.

Проданоски нагласи дека културното наследство треба да се почитува и зачувува, додавајќи дека различностите се вредност која треба да се негува.

„Само така градиме достоинствен и европски Прилеп, град во кој се почитува историјата и се гради мултикултурно општество. Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа“, порача градоначалникот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран