УТРО.мк

ВИДЕО: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

ВИДЕО: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица
Vero

По барање на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќyра, и во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, беа преземени активности за справување со пожарот на планината Јабланица.

Поради непристапниот и тежок планински терен, интервенцијата од копно беше отежната, поради што беа ангажирани два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија, кои обезбедуваат воздушна поддршка во гаснењето на пожарот.

Во исто време, во регионот на Струга е активен и друг пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби дејствуваат со копнени сили.

Надлежните институции остануваат на терен и ќе бидат ангажирани сè додека состојбата не се стабилизира целосно.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран