УТРО.мк

СДСМ го објави д-р Асен Шајн како кандидат за градоначалник на Охрид

СДСМ го објави д-р Асен Шајн како кандидат за градоначалник на Охрид
Vero

Општинската организација на СДСМ во Охрид вечерва официјално го објави д-р Асен Шајн како свој кандидат за градоначалник на Општина Охрид.

Во соопштението од СДСМ се вели дека д-р Шајн е почитуван доктор и човек со искуство, посветен на грижата за луѓето и секогаш подготвен да ги ислуша грижите на граѓаните, без разлика на нивниот политички или социјален статус. Партијата го претставува како личност со отворена врата, скромен, одговорен и директен, со силна доверба меѓу своите пријатели, колеги и пациенти.

„Асен Шајн е трпелив слушател, човек од доверба и голем другар. Тој верува дека само преку заедништво, грижа за секој поединец и чесно управување, Охрид може да ја добие иднината која ја заслужува“, се наведува во соопштението.

Мотото на Шајн, како што потенцира СДСМ, е дека дадениот збор и дадената рака се темел на човечките вредности кои ќе го водат неговиот мандат. Тој се залага за вредностите на СДСМ – еднаквост, правда, хуманост и напредок за секого.

Партијата изрази уверување дека д-р Асен Шајн ќе внесе нова енергија, искреност и визија во локалната власт, градејќи Охрид како град по мерка на неговите граѓани.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран