УТРО.мк

Костадинов се повлекува – го замрзна членството во СДСМ и удри по раководството!

Костадинов се повлекува – го замрзна членството во СДСМ и удри по раководството!
Vero

По објавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за новата листа кандидати за градоначалници, реагираше и досегашниот прв човек на Струмица, Костадин Костадинов. Тој соопшти дека од денеска ја замрзнува својата партиска припадност во СДСМ и најави нов политички ангажман по изборите.

„Не сум случаен градоначалник. Јас сум дете на оваа земја, на оваа улица, на овој пазар… Во последните 11 години не изгубив ниту едни избори, но денес не гледам вистинска трка. Нема предизвик, нема визија, нема конкуренција“, напиша Костадинов во емоционална објава на Фејсбук.

Тој изрази разочараност од сегашното раководство на партијата и појасни дека ќе остане верен на социјалдемократските вредности, но не и на актуелниот политички курс. Најави и создавање на нов интерпартиски проект по изборите, со цел, како што рече, да се обединат авторитетите што му недостигаат на СДСМ.

Во својата порака до струмичани, Костадинов ги потсети на проектите реализирани во неговиот мандат: целосно електричен јавен превоз, велосипедски патеки, најголемиот зелен пазар во државата, нов урбанистички план, зелени површини, канализации во селата, и фискална стабилност на општината.

„Ова не е крај. Ова е гест. Гест на зрелост, на чесност, на демократија. Да се повлечеш кога си најсилен – е најголема храброст“, порача Костадинов. Конечната одлука за неговото идно политичко делување ќе ја соопшти по завршувањето на локалните избори.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран