УТРО.мк

Пожар во подрум во општина Аеродром – нема повредени

Пожар во подрум во општина Аеродром – нема повредени
Vero

На 1 јули 2025 година во 11:28 часот во СВР Скопје е пријавено дека во подрумските простории на станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром избувнал пожар. Пожарот зафатил четири подрумски простории.

Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го изгаснала пожарот. Повредени лица нема пријавено.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за пожарот се во тек на расчистување.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран