На 1 јули 2025 година околу 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека близу улицата „Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ј.Н. (68) од Скопје. По ударот, мотоциклистот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Сопатникот на мотоциклот, Х.И. (26) од Скопје, се здобил со телесни повреди и е хоспитализиран во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот кој го напуштил местото.