На 1 јули 2025 година во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, скопско. Во инцидентот учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот С.З. од Ласкарци, и мотоцикл „харли дејвидсон“ со американски национални ознаки, управуван од 52-годишниот И.Г. од Гостивар.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на „бмв“-то добил телесни повреди. Двете лица се пренесени и згрижени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“.
На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Повеќе детали за причините и последиците од несреќата ќе бидат познати по завршување на истрагата.