Пензионираните пилоти Стоје и Васко, кои важат за едни од најдобрите на Балканот, и оваа година ќе бидат дел од противпожарната борба. Тие потпишаа договори за времен ангажман со Државниот сервис за заштита (ДСЗ) и ќе продолжат да летаат со Ер Трактор во справувањето со шумските пожари.
Искуството и професионалноста на овие „топ ганери“ ќе бидат клучни во заштитата на природата и граѓаните од огнените стихији.