На 1 и 2 јули 2025 година, на неколку различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле шест лица поради поседување на дрога.
Лишени од слобода се Г.Н. (32) од Струмица, како и Р.Ф. (47), И.К. (36), А.К. (38), Д.М. (42) и Д.А. (32), сите од Скопје. При извршените контроли, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, за која се сомнева дека е недозволена психотропна супстанција.
Случаите се во фаза на понатамошно документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните органи.