СДСМ објави нова тура кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, а најголемо внимание предизвика одлуката актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, да не се кандидира за нов мандат.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција ги соопшти новите имиња за неколку помали општини, меѓу кои Карбинци, Сопиште, Дебарца и Демир Хисар. Најзвучна меѓу нив беше Струмица, каде што за кандидат е предложен Марјан Даскаловски, актуелен претседател на општинската организација на партијата.
Со ова, Костадинов, кој важи за едно од поистакнатите имиња во партијата и кој досега водеше два мандати, не е дел од трката за локалните избори. Причините за повлекувањето засега не се соопштени.
Партијата најави дека во наредните денови ќе продолжи со објавување на останатите кандидати, вклучително и за поголемите урбани општини.