УТРО.мк

Акција на полицијата во Скопје: Четворица фатени со дрога на различни локации!

Акција на полицијата во Скопје: Четворица фатени со дрога на различни локации!
Vero

На 2 јули 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спровеле координирана акција на повеќе локации во главниот град, при што биле лишени од слобода четири лица осомничени за поседување на дрога.

Приведени се Б.А. (27), М.Б. (39), Н.Ј. (26) и Д.Т. (26), сите од Скопје, откако кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, за која се претпоставува дека е наркотична супстанца.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Истражните органи продолжуваат со постапките за расветлување на потеклото и намената на запленетите дроги.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран