УТРО.мк

Проданоски: Првата фестивалска вечер на Пиво Фест 2026 донесе одлична атмосфера и илјадници посетители

Проданоски: Првата фестивалска вечер на Пиво Фест 2026 донесе одлична атмосфера и илјадници посетители
Vero

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, изрази задоволство од успешниот почеток на годинашното издание на Пиво Фестивал, оценувајќи дека првата фестивалска вечер поминала во одлична атмосфера, со голема посетеност и богата музичка програма.

Тој истакна дека посебна чест било присуството на премиерот Христијан Мицкоски, како и на бројните гости кои, како што наведе, придонеле за успешниот старт на фестивалот.

„Верувам дека посетителите уживаа во богатата музичка програма, различните видови ладно пиво и препознатливата прилепска скара, по која Прилеп е познат и надвор од границите на државата“, порача Проданоски.

Според него, првата вечер претставува одличен вовед во она што следува во наредните фестивалски денови.

„Заедно приредивме одличен почеток на Пиво Фестивал Прилеп 2026, а најдоброто допрва следува. Продолжуваме и денес, ве очекуваме повторно на Пиво Фестивал“, истакна градоначалникот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin