УТРО.мк

УЈП ги повика граѓаните да ја довршат регистрацијата во е-Даночни услуги

УЈП ги повика граѓаните да ја довршат регистрацијата во е-Даночни услуги
Vero

Управата за јавни приходи (УЈП) ги повика граѓаните кои започнале, но не ја завршиле регистрацијата во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), да ја комплетираат постапката за да можат непречено да ги користат електронските услуги.

Според УЈП, по извршените проверки е утврдено дека повеќе од 35.000 граѓани поднеле барање за регистрација на кориснички профил како физички лица, но процесот останал незавршен.

За таа цел, до овие граѓани се испратени персонализирани известувања преку електронската адреса [email protected], со упатства за следните чекори.

Од Управата апелираат сите кои добиле вакво известување да се јават во надлежната канцеларија на УЈП со важечки документ за идентификација, каде овластено службено лице ќе ја одобри и финализира нивната регистрација.

Активниот кориснички профил во системот е-Даночни услуги овозможува користење на електронските услуги на државниот портал, увид во Годишната даночна пријава за данок на личен доход, поднесување барања за уверенија за остварен доход, како и користење на апликацијата МојДДВ за скенирање фискални сметки и остварување на правото за поврат на дел од ДДВ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin