УТРО.мк

Муцунски: Со САД имаме стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката во одбраната, економијата и енергетиката

Муцунски: Со САД имаме стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката во одбраната, економијата и енергетиката
Vero

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

По средбата, Муцунски оцени дека Северна Македонија и САД имаат блиски и усогласени ставови за низа важни политички, економски и безбедносни прашања.

„Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја потврдивме заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји“, истакна Муцунски.

Тој посочи дека меѓу главните теми на разговорите биле соработката во областа на одбраната и НАТО-сојузништвото, економскиот развој, енергетиката и регионалната поврзаност.

На средбата биле разменети и мислења за состојбите на Западен Балкан, при што бил нагласен значајот на континуираниот ангажман на САД за зачувување на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin