УТРО.мк

Пеколен викенд во Македонија: Температурите ќе достигнат до 39 степени, целата земја во жолта предупредувачка фаза

Пеколен викенд во Македонија: Температурите ќе достигнат до 39 степени, целата земја во жолта предупредувачка фаза
Vero

Македонија ја очекува значително затоплување за време на викендот, со температури кои на повеќе места ќе достигнат и до 39 степени Целзиусови. Според прогнозите, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, а целата држава е ставена во жолта предупредувачка фаза поради високите температури.

Метеоролозите најавуваат дека, иако не станува збор за изразен топлотен бран, интензитетот на жештината ќе биде значително поголем во споредба со изминатите денови. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 15 до 23 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 33 до 39 степени.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, со максимална температура до околу 38 степени. И во главниот град во попладневните часови постои можност за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во одделни делови од котлината.

Поради високите дневни температури, надлежните препорачуваат избегнување престој на отворено во најтоплиот дел од денот, внесување доволно течности и посебна грижа за повозрасните лица, децата и хронично болните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin