
Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 59-годишен маж од тетовското село Мала Речица, откако при преглед кај него била пронајдена кесичка со бела прашкаста материја.
Според информациите од полицијата, случајот се случил на 17 јули 2026 година, околу 00:25 часот, во казино во Тетово. При извршен преглед кај лицето со иницијали Ј.С. (59), полициските службеници ја пронашле кесичката со материјата.
Лицето било приведено и задржано, а по целосно документирање на случајот, од СВР Тетово најавуваат дека ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















