
Клиничката Болница Тетово изразува солидарност и целосна поддршка за нашите колеги од Општата Болница Гостивар, кои во моментов се соочуваат со зголемен прилив на пациенти.
Како јавна здравствена установа, целосно сме подготвени, доколку се јави потреба и тоа биде побарано од надлежните институции, да ги ставиме на располагање нашите човечки и професионални капацитети за да ѝ помогнеме на Општата Болница Гостивар.
Здравјето на граѓаните е заедничка одговорност, а во вакви ситуации соработката меѓу здравствените установи е од суштинско значење.
Клиничката Болница Тетово останува во целосна подготвеност да ја обезбеди сета потребна поддршка, во интерес на пациентите и јавното здравје.
Посакуваме ситуацијата што поскоро да биде ставена под контрола, а на сите пациенти им посакуваме брзо закрепнување.

















