УТРО.мк

Проданоски: Прилеп е подготвен за Пиво Фест 2026, ве очекуваме од 17 до 19 јули

Проданоски: Прилеп е подготвен за Пиво Фест 2026, ве очекуваме од 17 до 19 јули
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги повика граѓаните од целата земја да бидат дел од годинашното издание на Пиво Фестивал 2026, кое ќе се одржи од 17 до 19 јули.

Во својата објава, Проданоски истакна дека до почетокот на фестивалот остануваат помалку од 30 часа и ги покани посетителите да дојдат во Прилеп за заедно да создадат уште едно незаборавно фестивалско издание.

„Ве поканувам овој викенд да бидете дел од најголемата летна манифестација во Република Македонија. Повелете во Прилеп, заедно да создадеме уште едно незаборавно издание на Пиво Фестивалот“, порача Проданоски.

Тој најави богата музичка програма, ладно пиво, препознатливата прилепска скара и одлична атмосфера за сите посетители.

На главната сцена ќе настапат:

  • 17 јули (петок)– Џенан Лончаревиќ
  • 18 јули (сабота)– Милица Павловиќ
  • 19 јули (недела)– Јелена Розга

Пиво Фестивал 2026 ќе се одржи од 17 до 19 јули и се очекува повторно да привлече илјадници посетители од земјата и регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin